Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни годинава, споредено со истиот месец лани, се повисоки за 7,6 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред се', на зголемените цени во групата енергија за 17,7 отсто, интермедијарни производи, освен енергија, за 3,4 отсто, капитални производи за 0,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто. Во јуни годинава, индексот на продажните цени во групата елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 6,3 отсто.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни годинава, споредено со истиот месец лани, се повисоки за 7,6 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред се', на зголемените цени во групата енергија за 17,7 отсто, интермедијарни производи, освен енергија, за 3,4 отсто, капитални производи за 0,5 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто.
Во јуни годинава, индексот на продажните цени во групата елементи и материјали за вградување во градежништвото е повисок за 6,3 отсто.